Танасоски: Наплатата на акцизите и увозното ДДВ е намалена за 10 отсто

Тој посочи дека во изминатиот период и во услови на здравствена криза нема сериозно нарушување во поглед извозот и увозот на стоки со сите соседни држави и во реализацијата на „зелениот коридор“ за транспорт на медицински материјал и опрема.

548

Во март годинава наплатата на акцизите и увозното ДДВ бележат пад од 10 отсто. Извозот, пак, на производи е зголемен во однос на истиот период лани. Во овој период од значење е зголемувањето на извоз на земјодлески производи, изјави денеска на прес-конферфенција директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

–  Наплатата на акцизите и увозното ДДВ е намалена за 654 милиони денари. Тоа е резултат на намалување на протрошувачка на акцизни стоки, но и на намалување на цената на нафтените деривати – рече Танасоски.






Тој посочи дека во изминатиот период и во услови на здравствена криза нема сериозно нарушување во поглед извозот и увозот на стоки со сите соседни држави и во реализацијата на „зелениот коридор“ за транспорт на медицински материјал и опрема, како и транспорт на прехранбени производи и земјоделски производи.

– Во периодот јануари март годинава реализиран е извоз од 1,41 милијарди ева. Количински се извезени 702 660 тони. Непречено се одвива и извозот на земјодлески производи свеж зеленчук и овошје. Кај свежиот зеленчук има зголемување на извозот во однос на минатогодишниот март за 3 илјади тони или парично изнесува 4,7 милиони евра. Во однос на свежо овошје извозотево март изнесува 3,7 милиони евра или 9.126 тони – рече Танасоски.

Според него, од почетокот на месецов е воведен целосно бесхартиениот систем на царинска постапка со што е сведен на минимум физичкиот контакт со клиентите.

За да ги олесни царинските постапки владата, како што рече Танасоски, ги укинала царинските давачки за увоз на медицинска опрема и кај увозот на смрзнато месо и ги продолжила одобренијата, дозволите. Овозможено и одложување на плаќањето на царини за периодот додека трае кризата.

Поврзани содржини