Танасоски: Договараме „зелен коридор“ со Царините од регионот и ЕУ

Коридорот ќе биде наменет за транспорт на репроматеријали за прехранбена дејност, медицинска опрема и материјали

457

Директорите на царините од ЦЕФТА регионот преку видео врска денеска ќе договараат воспоставување „зелен коридор“ со приоритетни ленти за камионите со храна, репроматеријали за прехранбената индустрија, за медицински материјали и опрема. Преговори има и со земјите од ЕУ.

Ова го соопшти денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски кој рече дека управата е отворена за договарање на автономни мерки.






– Верувам дека многу бргу ќе се воспостави тој слободен промет што има значително влијание на ослободување на притисокот на производствените капацитети – рече тој.

Танасоски нагласи капацитетите на нашата Царина се на располагање за максимален проток на стоката. Очекува во наредните денови да се надмине проблемот со епидемиолошките услови што треба да ги исполнат возачите при транзитирање, а со тоа и компаниите слободно да ги планират набавките.

Поврзани содржини