ТАМП Е ИЗНЕНАДЕН ШТО ИРАН УШТЕ НЕ „КАПИТУЛИРА“ ПРЕД ЗАКАНИТЕ Стив Виткоф за очекувањата на претседателот на САД
Трамп распореди трупи на Блискиот Исток и нареди подготовки за напад врз Иран. Техеран, пак, се закани дека ќе возврати со напад врз американските бази во регионот.
Претседателот на САД Доналд Трамп е изненаден зошто Иран сè уште не „капитулирал“ и не се согласил да ја ограничи својата нуклеарна програма, со оглед на тоа што Вашингтон акумулира огромни воени сили на Блискиот Исток, изјави специјалниот американски пратеник во преговорите со Техеран, Стив Виткоф во интервју за Фокс њуз.
– Не сакам да го користам зборот „фрустриран“ бидејќи тој разбира дека постојат многу алтернативи. Но, тој е љубопитен зошто не го сториле тоа… Не сакам да го користам зборот „капитулирале“… но зошто не капитулирале. Зошто со целиот овој притисок, со целата оваа поморска моќ таму, зошто не дојдоа кај нас и не ни кажаа: „Велиме дека не сакаме оружје, па еве што сме спремни да направиме? Сепак, е тешко да се натераат да го сторат тоа“, рече Виткоф.
Трамп распореди трупи на Блискиот Исток и нареди подготовки за напад врз Иран. Техеран, пак, се закани дека ќе возврати со напад врз американските бази во регионот.
Вашингтон сака Техеран да го предаде збогатениот ураниум, за кој Американците велат дека може да се користи за производство на атомска бомба, да ја запре поддршката за милитантните групи на Блискиот Исток и да ја ограничи својата ракетна програма.
Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е мирнодобска и е подготвен да прифати некои ограничувања за неа во замена за укинување на финансиските санкции. Но, не сака да го поврзе тоа со други прашања како што се ракетната програма и поддршката за милитантните групи.