Северина неодамна се врати во нејзиниот стан на Козјак во Загреб, поради што мораше повоторно да се стави во самоизолација во која беше и во Белград. Но, таа сепак весело го прославила роденденот. Во светкав розев фустан наздравила со чаша од омилениот пијалак, а пристигнало и изненадување.
– Драги мои, јас за роденден добив тамбураши под прозорецот – рекла одушевената Северина во видеото на Инстаграм. Таа ја покажала свирката пред куќата, а откако тамбурашите ја завршиле песната „Среќен роденден“ од Фантом, тие ѝ ја свиреле и „Липа си, липа“ од нејзиниот пријател, музичарот Горан Каран, а како шеќер за крајот на Мишо Ковач и безвременската „Далмација во моето око“.
Наскоро пристигнала и мала торта, која пејачката ја нарекла инстаграмска.
„Благодарам за целата љубов што ми ја дадовте денеска. Благодарам на моите пријатели за „зум“ забавата, за тортата, за песната под мојот прозорец … На фановите на видео честитките, колегите и сите други драги луѓе … Мислам многу за вас. Ве сакам сите“, напишала покрај видеото Северина.
Северина открила дека се здебелила седум килограми.
Да потсетиме, Северина престојуваше еден месец во Белград кај свекрвата Оља и свекорот Драган Којиќ Кеба. Таа се врати во Загреб, откако беше фатена како вози автомобил за време на полицискиот час.
FOTO: Instagram