Тамара Тодевска: Не можам да си ја простам грешката со химната, многу луѓе и сега ме пцујат
Таа додаде дека во тие моменти се чувствувала многу лошо и дека затоа ги откажала сите концерти.
Факт е дека тоа беше непрофесионално од моја страна и тоа е единствената работа која нема никогаш да си ја простам, рече Тамара Тодевска во интервју за „Репортер“, откако беше прашана за моментот кога го згреши текстот на македонската химна.
– Јас бев убедена дека химната ја знам, а всушност не сум ја знаела. Јас си излегов на сцена и почнав да си пеам од срце и од душа, но ете, во еден момент работите тргнаа на друга страна. Како и да е, се надевам дека со тек на време народот ќе сфати дека била ненамерна грешка и дека навистина не знам што повеќе да направам за да докажам дека тоа не беше политички договор или продажба на мојата индивидуа – рече Тодевска.
Таа додаде дека во тие моменти се чувствувала многу лошо и дека затоа ги откажала сите концерти.
– Јас мислам дека и сега повеќето луѓе ме пцујат, а и коментарите ќе бидат во насока на тоа дека сум ја продала својата земја – рече Тамара.