ТАМАРА ТОДЕВСКА ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ Поубаво не сум се чувствувала никогаш (ФОТО)
Тамара среќна и насмеана позираше со роденденската торта в рака заедно со ќерката Хана и синот Дарен.
Поп-пејачката Тамара Тодевска вчера го прослави 37-миот роденден, а по тој повод сподели прекрасни фотографии на својот инстаграм-профил.
Тамара среќна и насмеана позираше со роденденската торта в рака заедно со ќерката Хана и синот Дарен. На масата пред славеничката, исто така, стои интересна торта со рози и чоколади.
„Викаат дека годините се само бројка… Да ви кажам искрено, поубаво не сум се чувствувала никогаш. Живели дечки“, напиша Тамара во описот на фотографијата.
View this post on Instagram
Тамара доби бројни честитки и убави желби од колегите и пријателите, кои споделувајќи фотографии со неа ѝ го честитаа роденденот.
ФОТО: Инстаграм