Тамара Тодевска е позитивна на ковид-19

3,523

Познатата пејачка Тамара Тодевска на Инстаграм  објави дека е позитивна на ковид–19. Таа го покажа резултатот од тестирањето на кој според направената анализа, наведено е дека има присуство на вирусот SARS CoV-2.






Тамара под објавата напиша: „Ајде нека е честито“

Додека таа го чекала резулатот од тестирањето направила мини прашалник на својот инстаграм – профил за да не мисли на резултатот, а на едно прашање на еден нејзин фан како се чувствува таа напиша:

„Не сум добра, фала на прашање, имам корона симптоми, чекам резултати и така…“

Поврзани содржини