ТАМАРА КОТЕВСКА И ЛЕОНАРДО ДИ КАПРИО ИМААТ ИСТ ИНТЕРЕС Режисерката на ВИП ручек со холивудски ѕвезди
Да се градат односи и пријателства низ годините со холивудските ѕвезди кои ми биле најголемо влијание како дете да се посветам на филмската магија е како некаков чуден сон кој отсекогаш се чинел недостижен, сподели Котевска.
Тамара Котевска беше поканета на затворен ВИП ручек и дискусија за филмот „One Battle after another“ со целиот каст: Леонардо Ди Каприо, Бенисио Дел Торо, Тијана Тејлор, Чејс Инфинити, Регина Хал.
Како член на Академијата и гласач, Тамара Котевска беше единствениот претставник на документарни филмови меѓу 30 избрани и поканети холивудски гласачи на ВИП ручекот и дискусијата со холивудските актери од „One Battle after another“ на Пол Томас Андерсон, кој годинава е во трката за оскари и има најмногу номинации за Златен глобус. За време на дискусијата актерите Леонардо Ди Каприо, Беницио Дел Торо, Тијана Тејлор, Чејс Инфинити и Регина Хал кои од прва рака ги раскажуваа своите приватни доживувања за време на снимањето. Тие споделија хумористични детали од соработката со Пол Томас Андерсон пред одбраната публика која се состоеше од познати актери и режисери.
Режисерката Тамара Котевска сподели дека лично поразговарала со Леонардо кој многу добро се сеќавал на „Медена земја“ и на Тамара со која беа во првиот ред на фотографијата од номинираните во 2020.
Тој е силен поборник на документарци за екологија и природа, а оваа година како продуцент преку Di Caprio Fondation повторно има свој кандидат кој е во трката за оскари, а чиј режисер е австриецот Ричард Ладкани, инаку заеднички пријател на Котевска и на Ди Каприо. Ди Каприо во разговорот со Котевска пројавил желба да го гледа „Приказната за Силјан“ и бил доста љубопитен за филмот и за неговиот молскавичен пробив годинава.
Котевска имаше можност да поразговара и со Бенисио Дел Торо и со Тијана Тејлор која исто така пројавила огромна желба да го гледа документарецот на Котевска кој носи слични тематики на правда и бунт кон неправедниот систем.
– Да се градат односи и пријателства низ годините со холивудските ѕвезди кои ми биле најголемо влијание како дете да се посветам на филмската магија е како некаков чуден сон кој отсекогаш се чинел недостижен. Но кога си таму со нив во истата малечка просторијата, делиш оброк заедно и гледаш колку тоа се обични луѓе кои минуваат низ истите трауми, искушенија, несигурности и притисоци со секој нов филм, како и сите ние останатите филмаџии на планетава, тоа е едно посебно чувство кое ги руши сите предрасуди и бариери дека нешто е невозможно да се достигне – сподели Котевска.