ТАЛИБАНЦИТЕ СО ЗОЉИ ГИ БРКААТ ЛУЃЕТО Целосен хаос околу аеродромот, стопирани сите летови (ВИДЕО)
Американските сили кои го контролираат овој аеродром вчера ги прекинаа летовите за евакуација поради хаосот што се случи на пистата.
Талибанците денеска соопштија дека времено ги прекинуваат сите летови од меѓународниот аеродром во Кабул, пренесува телевизијата Скај њуз Арабија.
Катарската телевизија Ал Џазира објави дека талибанските бунтовници се приближиле до аеродромот и испукале неколку предупредувачки истрели со цел да ги растераат луѓето кои се собрале таму.
NOW – Taliban fighters everywhere outside #Kabul airport, fire shots as crowds try to enter the facility.pic.twitter.com/a7dfG7SQZa
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) August 17, 2021
Претходно беа откажани сите комерцијални летови од аеродромот во Кабул, додека на сите авиони на транзитни летови им е препорачано да ја сменат рутата и да не прелетуваат над територијата на Авганистан.
Воените летови, организирани за евакуација на дипломати и цивили од Авганистан, беа обновени утрово, потврди западен безбедносен претставник на аеродромот во Кабул.
Тој, исто така, додаде дека пистата на аеродромот во Кабул, која вчера беше преполна од илјадници луѓе кои очајно сакаат да избегаат од главниот град на Авганистан, сега е без гужви.
Американските сили кои го контролираат овој аеродром вчера ги прекинаа летовите за евакуација поради хаосот што се случи на пистата.