ТАЛИБАНЦИТЕ ПРОГЛАСИЈА ИСЛАМСКИ ЕМИРАТ Еве како ќе изгледаат знамето и грбот на новата држава
За помалку од недела дена од падот на Кабул, главниот град на земјата, талибаните, како што и ветија, ги објавија новите симболи на државата, 102 години откако Англичаните се откажаа од власта над таа земја, пренесува Н1.
Знамето и грбот на новиот Исламски Емират на Авганистан само што беа објавени на Твитер од портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид. За помалку од недела дена од падот на Кабул, главниот град на земјата, талибаните, како што и ветија, ги објавија новите симболи на државата, 102 години откако Англичаните се откажаа од власта над таа земја, пренесува Н1.
Денеска е и 19 август, национален празник во Авганистан, кога и се слави ослободувањето од колонијализмот.
Еве како ќе изгледаат знамето и грбот на Емиратот.
له انګریزي ښکیلاک نه د هیواد د خپلواکي د یوسل او دویمې کلیزې په مناسبت د افغانستان إسلامي امارت اعلامیهhttps://t.co/HfZUIHnCJp pic.twitter.com/jQViMYERpW
— Zabihullah (..ذبـــــیح الله م ) (@Zabehulah_M33) August 19, 2021
Екстремистичката група во неделата објави дека ја презела контролата врз Кабул, откако авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата, барајќи засолниште во Обединетите Арапски Емирати.
Во вторникот, во отсуство на Гани, првиот потпретседател Амрулах Салех рече дека во моментов е во земјата и дека, според Уставот, тој е вистинскиот лидер.