ТАЛИБАНЦИТЕ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ПРЕКРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ 31 август е црвената линија за евакуација

Странските сили треба да се повлечат во рокот кој го најавија претходно. Инаку тоа е очигледно прекршување на договорот, вели портпаролот на талибанците, Мухамед Сухаил Шахин за Би-Би-Си.

1,213

Додека расте притисокот врз Америка за да го продолжи рокот за евакуација на луѓето од Авганистан по 31 август, талибанците велат дека нема да дозволат еден ден повеќе од тој рок.

Илјадници Авганистанци продолжуваат да стојат во ред пред портите на аеродромот на главниот град на Авганистан, во очајни обиди да ја напуштат земјата, откако талибанците дојдоа на власт на 15 август.






Американскиот претседател вели дека напорите за пренесување на луѓе со авион од аеродромот во Кабул, каде ситуацијата е сè уште нестабилна се забрзуваат, а талибанскиот претставник вели дека 31 август е црвената линија за евакуација.

– Странските сили треба да се повлечат во рокот кој го најавија претходно. Инаку тоа е очигледно прекршување на договорот – изјави портпаролот на талибанците, Мухамед Сухаил Шахин за Би-Би-Си.

Американците имаат намера да ги повлечат своите војници до крајот на месецот, но лидерите на многу земји го повикаа Бајден да го продолжи рокот за евакуација.

Се очекува тоа да биде од него побарано на самитот на лидери на Групата 7 во вторник.

Поврзани содржини