ТАЛИБАНЦИТЕ КРЕНАЛЕ ТВРДИНА ВО ВОЗДУХ Уништување на културното наследство ВИДЕО

Најголемото злосторство против светското културно наследство талибанците го направија над величествените статуи на Буда од Бамијан.

535

Кога го освоија Авганистан во средината на септември, талибанците се обидоа да се претстават во поинакво светло, како организација која го почитува исламскиот закон, но не ги ускратува човековите права на својот народ и дека ги почитува традицијата и културата.

Но изгледа дека не е така. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како ја уништуваат тврдината Грешк во провинцијата Хелманд, бидејќи се коси со нивните толкувања на исламот.






Според зборовите на еден граѓанин на Хелманд, тврдината е урната наводно за да ѝ отстапи место на изградба на медреса или верско училиште во тоа подрачје.

Градот Грешк, изграден е околу тврдината по течението на реката Хелманд. Тврдините биле под британска власт во време на англо-авганистанската војна во 19 век.

Тврдината, според преданијата, е место каде Тимур, основачот на Тимурското царство кое го опфаќало денешен Авганистан, Иран и централна Азија, еден од најголемите воени лидери и тактичари во историјата останал без нога.

Најголемото злосторство против светското културно наследство талибанците го направија над величествените статуи на Буда од Бамијан.

Уништувањето почнало во текот на нивното прво владеење. Тие во 1998 година се обидоа со топови и тенкови да ги урнат статуите високи 50 метри вклесани во падината на планината. Конечното уништување се случи во пролетта во 2001 година, кога статуите се минирани по наредба на мула Мухамед Омар.

Поврзани содржини