ТАЛИБАНЦИТЕ ИМ ДОЗВОЛИЈА НА МОМЧИЊАТА ДА ОДАТ НА УЧИЛИШТЕ Девојчињата никаде не се споменуваат

Новата одлука на Талибанците е дека наставата за машките ученици од 6 до 12 одделение, како и за машките наставници, продолжува утре, а девојчињата не се споменуваат.

420

Министерството за образование во новата талибанска влада во Авганистан денеска соопшти дека наставата за сите ученици од 6 до 12 одделение, како и за машките наставници, ќе продолжи утре.

Во објавата на Фејсбук не се споменуваат девојчиња на таа возраст.






Талибанците претходно им дозволија на учениците од 1 до 6 одделение да продолжат да одат на училиште, а девојчињата можеа да учат, но во одделни училници од момчињата и со задолжителен исламски начин на облекување.

Во претходниот период кога талибанците беа на власт од 1996 до 2001 година, им беше забрането на жените да посетуваат настава и да работат.

Поврзани содржини