ТАЛИБАНЦИТЕ ГИ „ЗАКОПАА“ АМЕРИКАНЦИТЕ Лажен погреб како дел од прославата во Авганистан (ВИДЕО)
Лажниот погреб беше дел од прославата која ја организираа талибанците, а која се одвиваше на територија на целиот Авганистан.
Талибанците во вторникот одржаа лажен погреб во источниот град Хост, за време на кој носеа импровизирани ковчези покриени со знамињата на САД, Франција, Велика Британија и на НАТО.
Лажниот погреб беше дел од прославата која ја организираа талибанците, а која се одвиваше на територија на целиот Авганистан.
Некои од присутните држеа пиштоли вперени кон небото, додека други вееја талибански знамиња или ја снимаа поворката со своите мобилни телефони, пренесува Ројтерс.
Талибанскиот службеник Кари Саид Хости изјави за локалната телевизија дека 31 август е нивниот официјален „Ден на слободата“.
– На овој ден, американските окупаторски сили и силите на НАТО избегаа од земјата – изјави Хости.
САД ја завршија евакуацијата на цивилите од Кабул на 30 август пред полноќ, а со тоа го завршија повлекувањето од Авганистан.
Видеото од лажниот погреб можете да го погледнете ТУКА.