Талибанци убија новинар добитник на Пулицерова награда, неговата смрт го шокираше светот
Сидики и неговиот колега Аднан Абиди беа дел од тимот на Ројтерс кој ја доби Пулицерова награда за фотографија во 2018 година за известување за бегалската криза во Рохинња.
Фоторепортерот на Ројтерс и добитник на Плицерова награда, Дански Сидики е убиен за време на конфликтот во авганистанската област Спин Балдак, објави денеска агенцијата.
Индиски фоторепортер беше во Кандахар и известуваше за внатрешната безбедносна криза во Авганистан по повлекувањето на странските трупи во изминатите неколку дена.
– Итно бараме повеќе информации, соработуваме со властите во регионот – рекоа во изјавата претседателот на Ројтерс, Мајкл Фриденберг и главниот уредник Алесандра Галони.
Reuters journalist @dansiddiqui was killed while covering a clash between Afghan security forces and Taliban fighters near a border crossing with Pakistan, an Afghan commander said https://t.co/Uq33s4rI5Z pic.twitter.com/DL0XG3CAok
— Reuters (@Reuters) July 16, 2021
– Дански беше извонреден новинар, посветен сопруг и татко и многу сакан колега. Во ова страшно време, нашите мисли се со неговото семејство – додаваат тие.
Претходно во петокот, тој за Ројтерс изјави дека е ранет со шрапнел во раката додека известувал за конфликтот меѓу авганистанските безбедносни сили и талибанските борци. Тој разговараше со локалните трговци кога талибанците повторно нападнаа.
Сидики и неговиот колега Аднан Абиди беа дел од тимот на Ројтерс кој ја доби Пулицерова награда за фотографија во 2018 година за известување за бегалската криза во Рохинња.