ТАЛЕСКИ ОСТАНУВА В ЗАТВОР Пресудата важи, аболицијата не важи
Аболицијата дадена од експретседателот Ѓорѓе Иванов, не ги опфаќа осудените за случајот „Транспортер“, соопшти Врховниот суд.
Врховниот суд смета дека пресудата за случајот „Транспортер“ во која поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески доби затворска казна е законски изречена.
Аболицијата дадена од експретседателот Ѓорѓе Иванов, не ги опфаќа осудените за случајот „Транспортер“.
„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП-КОК2 бр.6/23 со која барањата на осудените В.Т. и С.Б. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.03.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 08.04.2022 година, ги одби како неосновани, а барањето на осудениот Ѓ.Т. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.03.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 08.04.2022 година, го отфрли како недозволено“, наведено е во соопштението на Врховен суд.