ТАЛАТ ТРЕБА ДА СИ ПИШЕ ПИСМО НА САМИОТ СЕБЕ Какви процедури и рокови предвидува интерпелацијата?

Интересно е тоа што во член 46 од Деловникот е наведено дека „субјектот на кого му е поставена интерпелацијата има право да достави писмен одговор на поставената интерпелација до претседателот на Собранието, најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на интерпелацијата“, односно актуелниот спикер Талат Џафери во следните 15 дена ќе треба да си достави одговор сам на себеси.

162

Собраниските служби денеска соопштија дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја добил интерпелацијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Оттаму објаснуваат дека според Деловникот на Собранието (член 45 став 3), интерпелацијата се поднесува до претседателот на Собранието, кој веднаш ја доставува до оној на кого му е упатена и до пратениците, а интересно е тоа што во член 46 од Деловникот е наведено дека „субјектот на кого му е поставена интерпелацијата има право да достави писмен одговор на поставената интерпелација до претседателот на Собранието, најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на интерпелацијата“, односно актуелниот спикер Талат Џафери во следните 15 дена ќе треба да си достави одговор сам на себеси.






„Интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Ако одговорот не се поднесе во рокот утврден во членот 46 на овој Деловник, интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието. (Член 47) Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот“, наведуваат од Собранието.

Поврзани содржини