ТАЛАТ СЕ ИЗВИНИ Извинете што работам со неписмени идиоти кои немаат две чисти!
Сатирична вест на порталот Кооперација.
Собранискиот спикер и втор човек во државава, екс-командантот Талат Џафери, упати искрено извинување до вработените во Собранието поради нивната ниска интелигенција и тотална неспособност, но и затоа што, како што рече, се неписмени глупаци што немаат две чисти од својата работа.
– Се извинувам што сум окружен со идиоти кои се разбираат само со дерење и со ќотек. Јас давам сѐ од себе да ги научам нешто, ама теле можеш да научиш, возрасно говедо не можеш. Се надевам ќе најдете сила да ми простите поради нивната простотија и ќе ми дадете шанса да ги превоспитам – изјави тој.
Целата сатирична вест прочитајте ја на порталот Кооперација.