📷 ТАЛАТ ЏАФЕРИ СЕ ПОФАЛИ СО ПРЕМИЕРСКИОТ ПОРТРЕТ Техничкиот премиер на заминување доби место на почесниот ѕид во владата

Џафери е трет технички премиер чиј портрет стои во владата и прв премиер од албанската етничка заедница.

364

Талат Џафери кој моментно ја извршува функцијата технички премиер, доби портрет кој ќе стои на ѕидот во владата покрај портретите на другите премиери на државата.

Информацијата ја објави самиот Џафери уште пред 3 дена при посетата на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај на Скопје за време на самитот на земјите вклучени во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).






Портретот на Џафери е поставен на нов дел од ѕидот откако претходниот простор е пополнет со три слики на претседателите на влада од последниот мандат на СДСМ.

Џафери е трет технички премиер чиј портрет стои во владата и прв премиер од албанската етничка заедница.

На службениот Фејсбук профил на Џафери беа објавени детали за портретот. Џафери откри и кој го нацртал неговиот премиерски портрет каде е со препознатлива црвена вратоврска и пред знамињата на Македонија, ЕУ и НАТО.

„Благодарам Едмонд Драми за маестралното сликање на мојот премиерски портрет. Ти посакувам понатамошни успеси во уметничкото патешествие!“ – посочи Џафери во објавата на Фејсбук.

Едмонд Драми е албански сликар роден во градот Фиер, кој учел, твори и живее во Рим. Познат е по цртање на портрети.

Талат Џафери беше избран за претседател на влада на 28-ми јануари оваа година како 11-ти по ред премиер по прогласувањето на независноста на Македонија, односно трети по ред технички премиер. Претходно, Џафери 7 години беше претседател на Собранието.

Поврзани содржини