ТАЛАТ ЏАФЕРИ ГО ДРЖИ ВО ФИОКА ИЗВЕШТАЈОТ НА АНКЕТНАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА! Не го испраќа во Обвинителство за да го заштити Венко Филипче, тврди Рашела Мизрахи

Министерот за здравство имал директно учество во прекршување на низа членови, од Законот за здравствена заштита меѓутоа и од Законот за здравствено осигурување, директно е инволвиран, директно требало да учествува во издавање на протоколите, контрола на квалитетот на работата на клиниката – рече претседателката ан Анкетната комисија, пратеничката Рашела Мизрахи.

659

Материјалите од Анкетната комисија на Собранието за испитугвање на неправилностите на Клиниката за онкологија сè уште не се доставени до Јанвото обвинителство затоа што СДСМ и ДУИ се плашат да не се открие вистината за Онкологија – изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, која беше претседателка на оваа анкетна комисија, во вечерашното гостување на телевизија Алфа.

– Јас излегов со предлог заклучоци, тоа беа предлог заклучоци каде бев обвинета дека се политички и дека е некаква си политизација. Mеѓутоа земајќи во предвид доколку сте ги виделе, а верувам пошироката јавност ги видела тие предлог заклучоци, истите споменуваат закони и подзаконски акти и точно законите кои се прекршени во дисфункционирањето на системот и контролните механизми како би стигнало и до аферата Онкологија – рече Мизрахи.






Пратеничката додаде дека, доколку анкетната комисија траела подолго, ќе била повикана и Финансиската полиција.

– Доколку анкетната комисија имаше повеќе време можеби ќе требаше да биде повикана и Финансовата полиција, односно да биде вмешано и Министерството за финансии за да се види потенцијалот од земање фиктивни фактури итн. за што, нормално, имаше импутни информации од документацијата што ја добивме – рече Мизрахи.

Таа истакна дека материјалите сè уште не се доставени до Јавното обвинителство.

– Последната информација која ја добив е дека, иако Обвинителството даде рок од 5 дена, материјалите не се проследени до обвинителството односно претседателот на Собранието не ги проследил до обвинителството – рече Мизрахи.

Таа потенцираше дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче имал директно учество во прекршување на низа членови.

– Министерот за здравство имал директно учество во прекршување на низа членови, од Законот за здравствена заштита меѓутоа и од Законот за здравствено осигурување, директно е инволвиран, директно требало да учествува во издавање на протоколите, квалитетот на работата на клиниката инт. Сметам дека можеби целото прекршување беше буквално поради тоа име Венко Филипче што ни дава до знаење дека оваа однародена власт е само заштита на одредена група луѓе – рече Мизрахи.

Таа констатира дека власта „параноидно се плаши од вистината“.

– Ако некој толку параноидно се плаши од вистината и се штити сам во себе, особено од ВМРО-ДПМНЕ, мора многу да згрешил на народот или на ВМРО-ДПМНЕ – заклучи Мизрахи.

Поврзани содржини