ТАЛАТ ЏАФЕРИ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ВЛАДА ВО ПОЛН СОСТАВ Рецептот на Ковачевски отпаѓа

Премиерот Ковачевски и владиниот кабинет се очекува утре (четврток) да поднесат оставки за да се отвори пат за изгласување на техничката влада.

950

Мандатарот на техничката влада Талат Џафери рече денеска дека нема да се раководи од ставовите на неговиот претходник Димитар Ковачевски и дека во предлогот за состав на техничката влада ќе ги стави и имињата на министрите номинирани од ВМРО-ДПМНЕ.

– Нема причина да се оптоварува прашањето за евентуални промени во составот на техничката влада, изјави идниот технички премиер на Северна Македонија – рече Џафери на последниот брифинг со новинарите како претседател на Собранието на Северна Македонија.






Тој истакна дека евентуалните кадровски промени се одговорност на политичките партии.

Во секој случај, тоа е надлежност на партиските органи кои имаат надлежност и право да бидат дел од таа Влада, така што нема причина да коментирам за нечија одлука, како ќе биде – подвлече Џафери.

Премиерот Ковачевски и владиниот кабинет се очекува утре (четврток) да поднесат оставки за да им се отвори пат за изгласување на техничката влада. Според најавите, по оставката на Ковачевски ќе има два-три дена расправа во Собранието и потоа во недела – на 28 јануари ќе биде изгласан техничкиот владин кабинет.

Ова ќе биде трета техничка Влада во земјата. Првата беше предводена од Емил Димитриев и поради тоа што не можеше да се формира подолго време, тој ја предводеше техничката влада од 18 јануари 2016 до 1 јуни 2017 година. Втората техничка Влада ја предводеше актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски од 3 јануари 2020 до 30 август 2020 година.

 

Поврзани содржини