ТАКТИКА НА ЗАПЛАШУВАЊЕ Австралиска реклама за важноста на вакцинацијата на удар на жестока критика! (ВИДЕО)

Видовме дека заплашувањето кога станува збор за кампањата за вакцинација може да има спротивен ефект и да им предизвика на луѓето уште поголем страв од последиците од вакцината - рече д-р Кофман.

708

За разлика од другите земји кои се обидоа да ја промовираат вакцинација со сцени на враќање во нормала, Австралија се одлучи за тактика на заплашување.

Новата реклама на австралиската влада за важностата на вакцинацијата против ковид-19, која покажува една млада жена која се бори да вдише воздух, вознемири многумина и предизвика критики дека властите се обидуваат да ги заплашат луѓето и со тоа да ги принудат да бидат вакцинирани.






Австралиските власти минатиот викенд емитуваа реклама за да им покажат на луѓето колку е сериозна ситуацијата со коронавирусот, особено во Сиднеј, и да ги охрабри да се вакцинираат.

Главниот медицински директор Пол Кели за локалните медиуми изјави дека властите исто така сакале рекламирање – под која има текст – „Ковид може да погоди секого. Остани дома. Тестирај се. Закажи вакцинација“ – за да биде застрашувачка за повеќето жители во Сиднеј кои не се вакцинирани, а со тоа да разберат дека ситуацијата е тешка и дека е потребна вакцинација.

– Ова го правиме само заради ситуацијата во Сиднеј, а оваа реклама ќе се емитува само во Сиднеј. Пораката е јасна: останете дома, тестирајте се и закажете термина за вакцинација – изјави Кели.

Австралиските власти емитуваа и друга, поблага реклама на која се гледа како луѓето парадираат со лепенките што ги добиле по вакцинацијата, со пораката „Вооружи се против ковид-19“.

Експертите, сепак, предупредуваат дека страшното рекламирање може да биде контрапродуктивно.

Рекламата „многу се потпира на тактиката на заплашување и предизвикување на страв“, изјави за „Гардијан“, д-р Џесика Кофман, истражувач во Центарот за истражување на децата во Мардок.

Ова може да предизвика дополнително двоумење кај луѓето кои не биле вакцинирани и недоверба во владата, особено затоа што станува збор за актерка, па многумина може да ја сфатат вакцината како манипулативна.

– Видовме дека заплашувањето кога станува збор за кампањата за вакцинација може да има спротивен ефект и да им предизвика на луѓето уште поголем страв од последиците од вакцината – рече таа.

Кофман исто така изјави дека рекламата е погрешна затоа што е насочена кон млади луѓе кои сè уште не се во ред да се вакцинираат.

– Тие се насочени кон младите луѓе затоа што сметаат дека младите ги кршат правилата во Сиднеј. Но, тоа е нејасно со пораката да останат дома и, патем, да закажат вакцинација за која сè уште не пристигнале затоа што ги нема доволно вакцини – додаде таа.

Коронавирусот повторно се разгоре во Австралија и покрај карантинот, вакцинациите и мерките, што предизвика голема загриженост кај властите и јавноста.

Експертите потсетуваат дека вакцината, заедно со маски и растојанието, е единственото оружје во борбата против ковид-19.

Поврзани содржини