Со симптоми на коронавирусот, а потоа и со позитивен тест на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип е примен штипјанец, кој вози такси и во Штип.
Информацијата за порталот ММС ја потврдиле во Центарот за јавно здравје во Штип, каде се обидуваат да ги лоцираат сите негови контакти.
Заболениот не работел неколку дена, откако ги почувствувал симптомите. Меѓутоа, колку време бил инфективен, тешко е да се каже. Човекот бил прилично комуникативен, а неговата сопруга е медицинско лице, но се тврди дека носела постојано заштитна облека во ординацијата кадешто работи.
Од изутрината веста за заболениот таксист го обиколи градот.
Повеќе на следниот линк