Првата целодневнa културна програма, спакувана во динамичен телевизиски формат со времетраење од 13 часа, стартуваше вчера.
ПИН ТВ се емитуваше премиерно на МРТ 3 и на Јутуб и Фејсбук каналите на Таксират Фестивал & Пин музичката конференција, со почеток од 11 часот, па се до полноќ!
Таксират Фестивал подготви супер богата и досега најголема културна ТВ-програма!
Од Раде Шербеџија до Фејт Но Мор, од Уганда до Западно Ѓорче, со над 200 гости и изведувачи од 40 држави, Таксират Фестивал подготви досега најдолга и најбогата културна ТВ-програма.
Форматот на ПИН ТВ е лесен и динамичен, со кратки и ефикасни едукативни дискусии, музика и забавни содржини. Низ програмата нè водеше Ида Престер која најави повеќе од 50 различни содржини, во кои на најважните теми дискутираа професионалци од областа на културата.