ТАКОВ Е ЖИВОТОТ Тренерот на Јувентус не е разочаран од Роналдо
Не сум разочаран од Кристијано Роналдо. Тој сака да го напушти Јувентус, тој веќе го направи својот избор. Сега ќе бара нов клуб откако помина три години овде. Ова е само дел од животот - изјави Алегри.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека напаѓачот Кристијано Роналдо навистина сака да го напушти клубот. Италијанскиот фудбалски стручњак не е разочаран од одлуката на фудбалерот.
– Не сум разочаран од Кристијано Роналдо. Тој сака да го напушти Јувентус, тој веќе го направи својот избор. Сега ќе бара нов клуб откако помина три години овде. Ова е само дел од животот – изјави Алегри.
Претходно се дозна дека Роналдо веќе се поздравил со соиграчите од тимот и дека чека трансфер во Манчестер сити.
Минатата сезона Роналдо одигра 44 натпревари за Јувентус, постигна 36 гола и забележа четири асистенции.