„ТАКЕР КАРЛСОН, МЕГАН КЕЛИ, КАНДИС ОВЕНС И АЛЕКС ЏОНС СЕ ГЛУПАВИ“ Трамп упати остра критика кон неговите критичари од десницата

Четирите имиња што ги спомена американскиот претседател Доналд Трамп се на четири влијателни конзервативни коментатори кои јавно се спротивставија на војната во Иран, гледајќи ја како отстапување од ветувањето на Трамп да се фокусира на „Америка на прво место“.

280

Американскиот претседател Доналд Трамп упати исклучително остар напад врз неколку влијателни личности од американската десница, нарекувајќи ги глупави и обвинувајќи ги дека се спротивставуваат на војната против Иран.

„Знам зошто Такер Карлсон, Мегин Кели, Кандис Овенс и Алекс Џонс мислат дека е одлично што Иран, водечкиот државен спонзор на тероризмот во светот, има нуклеарно оружје. Причината е што тие имаат едно заедничко нешто: низок коефициент на интелигенција. Тие се глупави луѓе, го знаат тоа, нивните семејства го знаат тоа, и сите други исто така го знаат“, напиша Трамп на мрежата Трут Соушл.






Погледнете во нивното минато, погледнете во нивната историја, додаде Трамп.

„Тие го немаат тоа што е потребно и никогаш немале! Сите беа исфрлени од телевизија, ги изгубија своите емисии и веќе не се ни поканети на ТВ затоа што никому не му е гајле за нив, тие се лудаци, прават проблеми и ќе кажат сè што е потребно за некаков „бесплатен“ и евтин публицитет. Сега мислат дека добиваат некакви „кликови“ затоа што имаат подкасти од трета класа, но никој не зборува за нив, а нивните ставови се спротивни на МАГА – инаку јас немаше да победам на претседателските избори со УБЕДЛИВА ПОБЕДА. МАГА се согласува со мене и штотуку му даде на Си-Ен-Еб 100% рејтинг на одобрување за Трамп, а не за мавтачки будали како Такер Карлсон, кој не можеше ни факултет да заврши, беше скршен човек кога доби отказ од Фокс њус и никогаш повеќе не беше истиот — можеби треба да посети добар психијатар“, напиша американскиот претседател.

Четирите имиња што ги спомена Трамп се на четири влијателни конзервативни коментатори кои јавно се спротивставија на војната во Иран, гледајќи ја како отстапување од ветувањето на Трамп да се фокусира на „Америка на прво место“. Тие исто така го обвинуваат, во различен степен, дека е под притисокот од Израел за конфликтот со Иран.

Карлсон долго време ја критикува американската поддршка за Израел, а Овенс го нарече претседателот „луд извршител на геноцид“. Таа, исто така, ја поддржа идејата за отстранување на Трамп од власт, што го бараат и некои американски пратеници.

Како одговор на објавата на Трамп, Овенс предложи „да се испрати татенце во дом за стари лица“.

Поврзани содржини