📽️ „ТАКА СЕ ЧИСТИ КОГА ЌЕ ЗАМИНЕ КИМ ЈОНГ УН“ Персоналот на лидерот ја уништи секоја трага за средбата со Путин
Телохранителите ја отстраниле чашата од која пиел Јонг Ун, го избришале столот, мебелот што го допрел. Не е јасно дали Ким го нарачал ова од страв од тајните служби на Путин или од Кинезите.
Персоналот на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун експресно ги отстранил сите траги од престојот на Ким во собата со рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг, може да се види на снимките кои нашироко беа коментирани во руските медиуми.
Телохранителите јиа отстраниле чашата од која пиел Јонг Ун на средбата, го избришале столот, мебелот што го допрел. Не е јасно дали Ким го нарачал ова од страв од тајните служби на Путин или од Кинезите, но диктаторот од Пјонгјанг не е единствениот светски лидер загрижен за заштитата на својата ДНК, пишува „Јутарњи лист“.
Од друга страна, неодамна медиумите пишуваа дека телохранителите на Путин, наречени мушкетири, наводно ја собираат неговата урина и измет во запечатени кеси кога е во странство и ги доставуваат во специјални куфери во Москва од истата причина.
На средбата Путин му заблагодари на Ким за учеството на севернокорејски војници во Украина.
Russian media report that North Korean staff has thoroughly destroyed all traces of Kim Jong Un ‘s presence in the room.
They took away the glass he drank from, wiped down his seat and all the parts of furniture he had touched. https://t.co/avbERqsdP8 pic.twitter.com/c77brRt755— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 3, 2025
– Сакам да нагласам дека никогаш нема да ја заборавиме жртвата што ја дадоа вашите вооружени сили и семејствата на вашите војници. Во име на рускиот народ, би сакал да ви се заблагодарам за вашето учество во заедничката борба. Ве молам, пренесете ги моите најтопли зборови на благодарност до целиот народ на Демократска Народна Република Кореја – рече Путин на средбата со Ким на маргините на одбележувањето на 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна.
Ким му возврати велејќи дека е подготвен да направи „сè што може за да ѝ помогне“ на Русија. Севернокорејскиот лидер нагласил дека соработката меѓу двете земји значително се зголемила од потпишувањето на договорот за партнерство во јуни 2024 година и дека е подготвен да направи „сè што може за да ѝ помогне“ на Русија.