ТАКА ГО ПРАВАТ ТОА ПРИНЦОВИТЕ Како Вилијам ја изненадил Кејт за „Денот на вљубените“

Кејт Мидлтон со насмевка вредно ги извршуваше своите кралски обврски, а нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, искучително го цени тоа!

627

Иако изминатите месеци не беа најубави во животот на британското кралско семејство, војводата од Кембриџ принцот Вилијам не ја заборава романтиката, па на својата сопруга ѝ приредил убаво изненадување по повод „Денот на вљубените“.

Минатата година не беше најубава во животот на британското кралско семејство: принцот Хари преку низа интервјуа откри многу „валкани“ детали за своите најблиски, принцот Ендру се соочи со обвинувања за сексуален напад врз тинејџерка, принцот Филип, сопругот на Елизабета Втора, почина, а и самата имаше здравствени проблеми поради кои беше хоспитализирана…






За сето тоа време Кејт Мидлтон со насмевка вредно ги извршуваше своите кралски обврски, а нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, искучително го цени тоа!

Затоа, тој не заборави да ѝ приреди романтично изненадување на својата сакана за „Денот на вљубените“.

– Вилијам ја изненади Кејт со огромна кутија од 50 рози за „Денот на вљубените“. На картичката рачно ја напиша најромантичната порака, пофалувајќи ја колку е прекрасна како сопруга и мајка – изјавил извор близок до парот за „ЈуЕс викли“.

Но, тоа не е единствениот подарок што Кејт го доби на овој ден, бидејќи и нивните деца, принцот Џорџ (8), принцезата Шарлот (6) и принцот Луис (3) им направиле честитки на своите родители по повод „Денот на вљубените“.

 

 

 

Поврзани содржини