📽️ ГЕРМАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ „КЛАТЕШЕ ВРАТА“ ВО КАТАР Штајнмаер бил оставен да чека половина час пред средбата со шеикот

Според каналот на украинскиот портал „Strana.ua“ на Телеграм сопругата на Штајнмаер не сакала никого да чека, па влегла во лимузина и го напуштила аеродромот, додека Штајнмаер незадоволно и со скрстени раце чекал во авионот.

879

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер денеска извиси на аеродромот во Катар за време на посетата на оваа арапска земја, каде што пристигна да разговара со шефот на таа држава. По слетувањето, тoj беше оставен да чека половина час на вратата од авионот пво костум на температура од околу триесет степени. 

Според каналот на украинскиот портал „Strana.ua“ на Телеграм сопругата на Штајнмаер не сакала никого да чека, па влегла во лимузина и го напуштила аеродромот, додека Штајнмаер незадоволно и со скрстени раце чекал во авионот.






Без разлика на сè, средбата со катарскиот емир се случила, а медиумите јавуваат дека подоцна сè се одвивало според планот.

 

Поврзани содржини