ТАГА ВО СВЕТОТ НА ШОУ-БИЗНИСОТ Почина Љубиша Марковиќ – Френки од Слатки грех
Љубиша Марковиќ Френки, клавијатурист на Слатки грех, почина, објавено е на профилите на Инстаграм и Фејсбук на групата Слатки грех.
– Почивај во мир, наш драг Френки. Твој Слатки грех – се вели во објавата на смртта на Љубиша Марковиќ Френки, клавијатурист на Слатки грех, која е објавена на профилите на Инстаграм и Фејсбук на групата Слатки грех. Тој започна да соработува со Брена во 1982 година.
View this post on Instagram
Бендот Слатки грех се формирал од бендот Лира шоу во 1977 година, а со доаѓањето на Лепа Брена, која стана пејачка во 1982 година, го сменија името во Слатки грех. Единствените членови од оригиналната постава што останаа се Живојин Матиќ Жиле (гитарист) и Зоран Зоки Раданов (кларинет и придружен вокал).
Лепа Брена и Слатки Грех не настапувале заедно од средината на 1990-тите, но групата продолжила да работи под истото име, свирејќи на прослави.
По распадот на групата, Саша Поповиќ, кој почина на 1 март во Париз, почнал да се занимава со дискографија, прво во ZAM продукција, а во 1998 година ја основал Гранд продукција со Лепа Брена.