На Велика Британија ќе ѝ бидат потребни близу 25.000 кревети за пациенти со ковид-19 до јули годинава, е наведно во таен извештај кој ексклузивно го објави „The Independent“.
Тајниот извештај се базира на претпоставки на Научната група за советување за итни состојби, која е советодавно тело на британската влада по појавата на епидемијата со ковид-19 во земјата.
Според документот, потребата од болнички кревети за пациенти со ковид-19 до 20 јули ќе биде 24.630.
Извештајот датира од 7 април и нотира дека не се опфатени сезонските последици од ширењето на вирусот и екстра мерките за да се зголеми капацитетот, како и недостигот на медицински кадар што може да се појави.