Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев му ветил на претседателот на ДПА, Мендух Тачи дека ако формираат влада по парламентарните избори, кои треба да се одржат на 15 јули, досегашниот владин партнер ДУИ нема да ја земе да биде дел од владата, изјавил Тачи во интервју за ТВ 21 и изразил надеж дека Заев ќе си стои на зборот.
– Со Заев разговаравме за предизборна коалиција со него, но не успеавме да се договориме. Која е причината што не успеавме да се договориме не можам сега да кажам за да не му наштетам за време на кампањата. Сакам јавноста да има разбирање за мојата коректност затоа што јас воопшто не сум заинтересиран да му наштетам на Заев. Јас имам надеж дека Зоран Заев ќе го одржи зборот и нема да ги земе ДУИ во влада. Еве сепак нешто кажав – рече Тачи.