Тачи побара војската да ги обезбедува институциите, оти лекарите се офицери во војната
Тој порача Владата да постави војска за да ги обезбедува институциите што се занимаваат со здравството.
Претсетадателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, одржа прес-конфренција на која истака дека како лидер на партија и лекар сака да испрати апел до граѓаните и институциите за голема внимателност и изолираност.
Тој порача Владата да постави војска за да ги обезбедува институциите што се занимаваат со здравството.
– Треба заштита кон лекарите. Тие се нашите офицери во војна. Ако имаме ранет офицер, значи дека имаме ранет лекар кој не го штитиме, ние сме во ситуација наместо да ја добиеме војната за три месеци да одиме на година дена. Владата итно да донесе одлука да се зголеми валидноста на рецепти на хронични болни и да не биде само три дена или 15 или 30, затоа што ако секој трет ден пациентот оди кај матичен лекар можноста за зараза е многу поголема – рече Тачи.
Како лекар порача сите граѓани што строго да ги почитуваат препораките за самоизолација.
– Вие што нема да ги почитувате овие станарди утре ќе биде виновни за убиства на многу ваши блиски луѓе, дали ќе бидат родители, постари браќа и сестри. Најголемата опасност предизвикуваат луѓето кои се јаки и имаат јак имунитет и тие се во ситуација да ја инфицираат третата генерација. Тие нема да имаат никакви симптоми и се плашам дека нивниото однесување нема да биде прописно ако излегуваат – истакна Мендух Тачи.
Од апелите до Владата истакна да се отворат фондови за итност за функционирање на институциите.