Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи остана доселеден на програмата на ДПА за консензуална демократија. Тој најави дека ако граѓаните гласаат заДПА тој ќе биде заменик на премиеро, како и воведување на дводомен парламент во Македонија. Тачи изборната програма ја презнтираше пред тетовци.
– Ние инсистираме во Македонија да се спроведува консензуална демократија. Првично, мојата позиција како заменик премиер, ќе биде гаранција за албанското вето за правичната застапеност и за правичната и пропорционална распределба на буџетот. А крајот на мандатот ако даде Господ да не најде со дводомен парламент – изјави Тачи.