Таче, стани да те види сала и – извини се!
На жените може да им се случи да бидат невнимателни и тоа не е ништо страшно. Мажите, пак, никогаш не смеат да си дозволат такво нешто - рекол Черчил.
Своевремено, стариот лисец Винстон Черчил бил поканет на некој бал. Во тој период Черчил бил премиер на Велика Британија и секој негов збор или постапка имале своја тежина.
На балот Винстон бил без неговата сопруга и малку се поднапил. Во еден момент покрај Черчил поминала некоја госпоѓа од опозицијата, којашто ден претходно, во една парламентарна расправа жестоко го нападнала премиерот. Черчил подналутен и со повредена суета ѝ рекол на пратеничката:
– Вие госпоѓо сте баеѓи остарена и огрдена.
– Да, господине Черчил, јас можеби сум остарена и огрдена, но вие денес сте пијан – му возвратила пратеничката.
– Се согласувам со вас, госпоѓо – ѝ вели Черчил – и признавам дека сум пијан. Но, јас утре ќе бидам трезен.
Следниот ден Черчил морал да се извини за постапката и ја изговорил следната историска реченица:
– На жените може да им се случи да бидат невнимателни и тоа не е ништо страшно. Мажите, пак, никогаш не смеат да си дозволат такво нешто.
Затоа, Таче, ако навистина и си рекол на пратеничката дека е грда (кај ли го најде изразот „ружна“?), веднаш „стани да те види сала“, извини се и не заборавај дека „убајна куќа не крепит“.
(Фејсбук статус на авторот, насловот е редакциски)