TАЧЕ РЕЧЕ ДЕКА БЕТИ Е „РУЖНА“! Апасиев слушнал дофрлање од место, се бара премиерот да се извини

Премиерот Ковачевски, пак, тврди дека рекол само за сопствената сопруга дека е убава, но не ја спомнал пратеничката Стаменкоска ниту рекол дека таа е „ружна“. 

6,747

Лидерот на Левица Димитар Апасиев тврди дека премиерот Димитар Ковачевски на собраниска седница од место го коментирал изгледот на пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.

„Премиерот Таче на собраниска седница од место ѝ дофрли на пратеничката Бети: „Жена ми барем е убава, а ти си ружна“ – напиша Апасиев на својот профил на Фејсбук.






Премиерот Ковачевски, пак, тврди дека рекол само за сопствената сопруга дека е убава, но не ја спомнал пратеничката Стаменкоска ниту рекол дека таа е „ружна“.

Пратеничката  Стаменкоска-Трајкоска преку Фејсбук побара од премиерот Ковачевски да ѝ се извини.

„Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие. Најмалку што може да стори премиерот денес е да ми се извини“ – напиша Стаменкоска-Трајкоска.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ побара Ковачевски да се извини за, како што се наведува, шовинизмот и сексизмот искажан кон колешка пратеничка.

„Крајно сме вознемирени, најсериозно загрижени и згрозени од она што се случи денес во храмот на демократијата и тоа од страна на премиерот Ковачевски! Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие. Најмалку што може да стори премиерот денес, е да се извини!

Да се извини затоа што негова работа не е да коментира нечиј изглед! Политичка некултура, шовинизам и сексизам не смее да практикува никој, а најмалку премиерот Ковачевски! Жените во политиката имаат голема тежина! Денешното однесување говори и повеќе од доволно за вашата личност и вашиот карактер!“ – се вели во соопштението на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Драган Ковачки исто така рече дека „Ковачевски ја навреди пратеничката Бети Стаменкоска на сексистичка основа, бидејќи пати од комплекс на ниска вредност затоа што не бил на избори и не го бирал народ.“

„Во обид за дефокус премиерот и денес навреди наша колешка на сексистичка основа, а во текот на вчерашниот ден колега нарече дека е „глупи август“, а се дополни со нова изјава дека бил пион кој што можел да стане кралица, но коњот засекогаш ќе останел коњ. Брука, ова е дно! Ковачевски мисли дека може да ги навредува избраните пратеници – рече Ковачки.

 

Поврзани содржини