ТАЧЕ ГО РАСТУРИЛ КУРТИ ВО АТИНА! Вучиќ воодушевен од настапот на македонскиот премиер

„Тој пред сите зборуваше многу остро против Курти, што изненади многумина“ – рекол српскиот претседател Вучиќ.

11,329

Српскиот претседател Александар Вучиќ за српските медиуми изјавил дека единствено македонскиот премиер Димитар Ковачевски остро и критички зборувал против премиерот на Косово Албин Курти за време на самитот на лидерите во регионот што се одржува деновиве во Атина.

Вучиќ посочил дека на средбата во Атина премиерот Ковачевски жестоко реагирал на она што Курти го направил во Тетово.






„Тој пред сите зборуваше многу остро против Курти, што изненади многумина“ – рекол српскиот претседател Вучиќ.

Косовскиот премиер Курти неодамна беше во контроверзна приватна посета на Тетово и на Чаир, за време на која беа игнорирани македонските државни симболи, а во иконографијата се појави и знаме на Голема Албанија. Курти присуствуваше и на свечено преименување на улицата Втора македонска бригада во Чаир во улица Адем Демачи.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќање пред новинарите по враќањето од Атина побара од српските функционери да бидат внимателни во изјавите за да не кажат нешто што би можело да биде искористено од страна на други, јави дописникот на МИА од Белград.

– Видов кога Димитар Ковачевски многу силно му реагираше на Албин Курти за она што го направи во Тетово. Многу силно, јавно и отворено и сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат внимателни, да не им излезе ништо што би можело да биде искористено од страна на некои, за и нас да не направат исти како Курти – рече Вучиќ за РТС.

Тој посочи дека синоќа долго разговарал со Ковачевски и му кажал дека ако било кој во Северна Македонија се чувствува навреден за било што, иако тој лично смета дека нема причина за тоа, тогаш се извинува бидејќи, како што рече, Македонците се наши браќа и немаме никаков проблем со нив“.

На самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан и ЕУ, меѓудругите присуствуваше и украинскито претседател Володимир Зеленски.

Поврзани содржини