📽 ТАЧЕ БЕ, ЗОШТО НА АНГЛИСКИ ЗБОРИШ? Шеќеринска го искара Ковачевски
Поранешниот премиер Димитар Ковачевски зборувал на англиски на панел дискусијата на „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ што се одржа во Скопје иако, како што го потсетува Шекеринска, договорот бил да зборува на македонски.
Радмила Шеќеринска денеска јавно го искра поранешниот премиер и актуелен лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски зашто зборувал на англиски на панел дискусијата на тема „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ што се одржа вчера во Скопје, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и ПолитикУм – Институт за одржливи и иновативни политики.
-Абе зошто на англиски збориш? Не… Се договоривме на македонски – му вели Шеќеринска на Ковачевски.
На панел дискусијата учествуваа социјалдемократи од Македонија и од регионот и дискутираа за прогресивните политики и евроинтегративниот процес.
Екс-премиерот Ковачевски истакнал дека Европската Унија е единствената алтернатива за земјите од Западен Балкан за градење економска перспектива, социјална правда, демократија и подобар живот за граѓаните.
– Пораката од сестринската партија ПЕС, од којашто е и германскиот канцелар Шолц, дека за силна ЕУ е потребен процесот на проширување со Северна Македонија и државите од Западен Балкан е ветар во грбот на прогресивните сили во нашата држава, да се обединиме и да сработиме за полноправно членство во ЕУ во следните неколку години – рекол Ковачевски во своето обраќање на англиски јазик за што по завршувањето на сесијата доби критика од Шеќеринска која е претседателката на ПолитикУм и потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).