ТАБЛИЧКА СО ТРИ БРОЈКИ – ТРИПАТИ ПОВЕЌЕ ГЛАВОБОЛКИ! Налепниците за нив се посебни и ретко ги има во станиците за технички преглед
На прашањето „дали имате налепници со NМК“ службениците во станиците за технички преглед веднаш одговараат со контрапрашање - „А колку бројки има вашата табличка?
За регистрските таблички кои имаат само троцифрен број предвидени се посебни налепници со кодот „NMK“ кои се со различни димензии од тие за табличките со четирицифрени броеви. Проблемот е што овие налепници помалку ги има во станиците за технички преглед, каде се подигаат овие налепници.
Затоа, на прашањето „дали имате налепници со NМК“ службениците во станиците за технички преглед веднаш одговараат со контрапрашање – „А колку бројки има вашата табличка?“. Ако одговорите со три бројки, најчесто следи одговор – „е такви немаме“.
За да подигнете налепница за табличка мора да покажете сообраќајна дозвола, но неопходно е и вашето возило да биде „присутно на лице место“ во станицата за технички преглед. Не е дозволено да ја подигнете налепницата и да ја залепите дома сами.