ТАБЕЛА Како се движи кривата на заразени Македонци во изминатите 15 дена?

Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, сепак линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

1,665

Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, сепак линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.






„Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките“, напиша Филипче.

Поврзани содржини