ТАА ЗБОРУВАШЕ ЗА ГОЛЕМИНАТА НА НЕГОВИОТ ПЕНИС, ТОЈ ПОДНЕСЕ ТУЖБА Поранешиот фудбалер ја тужи манекенката која рече дека се развеле затоа што бил премногу „надарен“
„Како две лименки Кока-Кола заедно...можеби и три“! Вака ја опиша големината на пенисот на својот поранешен сопруг Мет Калил, манекенката и инфлуенсерка Хејли Калил која тврдеше дека тоа била главната причина поради која се развеле. Сега тој ја тужи поради тоа што привлекла „несакано внимание“
Поранешниот американски фудбалер, Мет Калил, ја тужи својата поранешна сопруга, манекенката и инфлуенсерка Хејли Калил, откако таа изјавила дека се развеле поради големината на неговиот пенис.
Поранешниот офанзивен играч тврди дека коментарите на Хејли, кои ги направила во пренос во живо во ноември, биле „инвазивни“ и му ја уништиле шансата да остане надвор од јавниот живот откако се пензионирал, пишуваат медиумите.
Инфлуенсерката се појави во преносот во живо на Марлон Гарсија „Mar-Athon“ во ноември, каде што го опиша пенисот на нејзиниот поранешен сопруг „како две лименки Кока-Кола, можеби дури и три, наредени една врз друга“. Таа додаде дека ова влијаело на нивниот брак, кој завршил во 2022 година.
Хејли, исто така, објасни дека се обиделе да го решат проблемот со посета на терапевти и лекари.
– Дури и барав естетски зафати… Мојот живот е комедија, се пишува сама“, рече таа, а потоа потврди дека тоа бил „најголемиот фактор“ за нивниот развод.
Откако преносот во живо стана вирален, Хејли се обиде да ја смири ситуацијата.
– Длабоко ја почитувам неговата приватност и она што го имавме. Разговарав за многу важни аспекти од нашиот брак во емисијата, но ми е жал што фокусот беше ставен само на тој дел – рече таа.
Калил сега тврди дека нејзините коментари му донеле „несакано внимание и инвазивни јавни коментари“, додавајќи дека неговото семејство „било принудено да го издржи постојаното циркулирање на овие понижувачки и длабоко лични изјави во јавноста“.
Тој, исто така, тврди во документите дека коментарите на Хејли ја изложиле неговата сегашна сопруга, Кеилани Асмус, на „вознемирувачки и алармантни пораки“.
Поранешниот американски фудбалер ја тужи манекенката за нарушување на приватноста, тврдејќи дека неговата поранешна сопруга открила „многу интимни и приватни факти“ за него и бара судење со порота и повеќе од 75.000 долари отштета.
Во тужбата се тврди дека Хејли „добила значителни финансиски придобивки, зголемена видливост и монетизација преку разни социјални медиуми и медиумско известување“.
Мет и Хејли се венчаа во 2015 година и се разведоа седум години подоцна. Тој се ожени со Кеилани во 2024 година и со неа има едногодишен син.