Без оглед на тоа што во јавноста речиси секогаш е смирен, во една прилика ја изгубил контролата и неговите зборови нималку не биле благи…
Принцот Хари пристигна во Лондон за да присуствува на откривањето на статуата на принцезата Дајана пo повод нејзиниот 60-ти роденден, кој би го прославила на 1 јули.
Истовремено, многумина се надеваат дека ова ќе биде прилики за да се средат односите меѓу двајцата браќа – Хари и Вилијам.
Почнувајќи од Кејт Мидлтон до заедничките пријатели на браќата, многумина се трудат околу создавањето на соодветен терен на кој браќата ќе можат да се смират и да се зближат, но можно е тоа, сепак, да не се случи.
Како што пишува „Дејли мејл“, Вилијам и Хари на погребот на принцот Филип се однесувале пристојно додека биле пред камерите, но зад затворените врати се карале и наводно меѓусебно се навредувале.
Се дознало и дека Вилијам нема најдобро мислење за Мeган Маркл, сопругата на Хари.
Како што открил за таблоидот, извор од дворецот рекол дека Вилијам во една прилика бил многу остaр и без влакна на јазикот кога е во прашање Меган:
– Погледнете како таа проклета жена го третира мојот персонал, нема милост – рекол тогаш принцот.
Еден пријател на Хари рекол за Меган дека е „кошмар“ и дека со неа „ПР-от никогаш не престанува“.
Додека Хари е во Велика Британија, Меган останала во Америка со синот Арчи и бебето Лилибет.