📷 „ТАА НЕ ГО ОДБИВА, ТУКУ СЕ ПРАВИ НЕДОПИРЛИВА…“ Преписката помеѓу Северина и Душко Тошиќ предизвика бура на интернет
Преписката на фудбалерот Душко Тошиќ и пејачката Северина е една од главните теми на социјалната мрежа Икс во регионот.
Преписката на фудбалерот Душко Тошиќ и пејачката Северина е една од главните теми на социјалната мрежа Икс во регионот.
Да потсетиме, сопругот на поп-дивата Јелена Карлеуша во неколку наврати и праќал пораки на хрватската ѕвезда, која, судејќи по она што може да се види во преписката, им одговорила.
Како што објави српски „Курир“, Душко наводно стапил во контакт со Северина за да пее на јахтата што неодамна ја купил во Турција.
– Неодамна купив јахта која е паркирана на Босфор и сакав да направам прослава, а пријателите од групата „WhatsApp“ ни предложија Северина да ни пее. Па, тоа е причината за мојот контакт – наводно изјавил Душко за „Курир.“
Но, во преписката која стигна во јавноста никаде не се гледа дека ја споменува јахтата.
Кога ќе се обрне внимание на датумите, може да се забележи дека и пишувал во март, а потоа и во ноември, неколкупати, во интервали од неколку дена.
Луѓето на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) ја коментираат преписката, а некои велат дека им се чини дека има одредени „дупки“ во пораките. Тие шпекулираат и за тоа дали се избришани некои од пораките на Северина, за кои нема конкретни докази.
Некои од најавите се и хумористични.
„Не знам што ми е побизарно, што Северина го одбила Душко Тошиќ или дека сакал да му пее на неговата нова јахта“, е еден од коментарите.
– Таа не го одбива, туку се прави недопирлива. Кога кулираш некого, воопшто не му одговараш, особено не го поставуваш прашањето „Како? – пишува тој во еден твит.
ne znam sta mi je bizarnije to sto je severina odbila duska tosica ili sto je on hteo da mu peva na novoj jahti
— NORTH PARADISE 🇷🇸 (@paradise_riot) May 25, 2024
Не кулира га него глуми недодирљиву кад некога кулираш не одговараш му апсолутно никако посебно не постављаш питање “како?” thirst traps итд https://t.co/KT0i06cHEF
— it’s Britney, bitch (@juego_con_fuego) May 24, 2024