ТАА НАИЗГЛЕД ИМА СЀ Најубавата жена на светот откри дека плаче деноноќно (ФОТО)
Супермоделот Бела Хадид (25) признала дека речиси секој ден и секоја ноќ ѝ поминуваат во солзи.
Официјално и научно докажано најубавата жена на планетата и една од најуспешните манекенки на денешницата, Бела Хадид, важи за девојка чија насмевка вреди милион долари.
View this post on Instagram
Меѓутоа, она што досега јавноста не го знаеше е дека приватно таа насмевка не блеска така често како пред камерите.
Супермоделот Бела Хадид (25) признала дека речиси секој ден и секоја ноќ ѝ поминуваат во солзи.
Таа на Инстаграм споделила неколку фотографии на кои е расплакана и им напоменала на следбениците дека она што го гледаме на социјалните мрежи не е вистинскиот живот на познатите личности. Како што објаснила, таа плаче „речиси секој ден“ и „секоја ноќ“.
„Сите кои се мачите, ве молам, запаметете . Понекогаш сè што треба да слушнете е дека не сте сами“, напишала Бела.
„Од мене до вас – не сте сами. Ве сакам, ве гледам, ве слушам“.
Популарната манекенка истакнала дека менталното здравје и хемиската нерамнотежа не се линеарна работа и ја споредила нејзината состојба, која оди горе-долу, со ролекостер.
„Секогаш ве чека светлина на крајот на тунелот, а и ролекостерот во некој момент мора да застане… Ќе биде подобро“, нагласила Бела.
Таа додала дека има доволно „падови и прегорувања“ за да може да увиди дека ‘ако работите напорно на себе, поминувате време сами за да ги разберете своите трауми, предизвикувачи, задоволства и рутини, секогаш ќе можете да разберете и научите повеќе за сопствената болка и како да управувате со неа’.
„Тоа е сè што може да барате од себе“, заклучила Хадид.
Таа им се заблагодарила на следбениците на тоа што ја слушнале нејзината вистина.
ФОТО: Инстаграм