ТАА ИМА 61, ТОЈ 34 ГОДИНИ Нова љубовна двојка – Деми Мур е во врска со познатиот пејач?
Според странските медиуми, актерката Деми Мур (61) и пејачот Џо Џонас (34) се зближиле, што ги подгреало гласините за врска.
Според странските медиуми, актерката Деми Мур (61) и пејачот Џо Џонас (34) се зближиле, што ги подгреало гласините за врска.
Актерката и пејачот се видени како заедно уживаат на ручек во хотел во Франција, а наводно се запознале во Кан по настапот на Џонас.
– Деми и Џо станаа пријатели. Тие имаат заеднички пријатели и станаа прилично блиски – рекол извор за „Дејли мејл“.
View this post on Instagram
Гласините за романсата беа демантирани од друг извор, нагласувајќи дека нивната врска е чисто пријателска.
Во текот на Филмскиот фестивал во Кан, Деми Мур го промовираше својот хорор филм „The Substance“ и беше домаќин на гала вечерата амфАР на која Џонас ненадејно се појави на сцената со својот брат Ник, изведувајќи го нивниот хит „Cake by the Ocean“.
Инаку, Џонас по пет месеци ја прекина врската актерката и манекенка Сторми Бри. Пред неа, пејачот четири години беше во брак со актерката Софи Тарнер (28), а заедно имаат две деца.
View this post on Instagram