🎥 ТАА ИМА 58, ТОЈ 35 Се запознале на негови 18 години и сѐ уште се еден од најинтересните парови на светската сцена

Актерот Арон Тејлор-Џонсон (35) и неговата 23 години постара сопруга, режисерката Сем Тејлор-Џонсон го привлекоа вниманието на светската јавност појавувајќи се заедно на Неделата на модата во Париз.

882

На Неделата на модата во Париз, каде што се среќаваат модата и гламурот, посебно внимание украдоа Арон Тејлор-Џонсон и неговата сопруга, режисерката Сем Тејлор-Џонсон, пар чија љубовна приказна ја интригира јавноста со години.

Елегантни, самоуверени и очигледно вљубени, овој познат пар уште еднаш покажа дека нивната љубов ги побива правилата, очекувањата и стереотипите – исто како модата што дојдоа да ја прослават.






Нивната приказна започнала далеку од модните писти, уште во 2008 година на снимањето на филмот „Nowhere Boy“.

Во тоа време, 18-годишниот Арон бил млад актер на почетокот на својата кариера, додека Сем, 23 години постарa, веќе била призната режисерка. Професионалната соработка брзо прераснала во силна емотивна врска што ги споила неповратно.

И покрај големата разлика во години, Арон ѝ предложил брак на Сем во 2009 година, јасно ставајќи до знаење дека за него љубовта нема никаква врска со броевите. Нивната одлука привлече внимание од јавноста и бројни коментари, но двојката си остана верна на себе од самиот почеток.

Се венчаа во 2012 година на интимна церемонија во Англија, и двајцата го зедоа презимето Тејлор-Џонсон, како симбол на заедништво и еднаквост.

Заедно имаат две ќерки, Вилда Реј и Роми Херо, додека Арон со љубов ја прифати и улогата на очув на ќерките на Сем од претходниот брак.

Денес, повеќе од една деценија подоцна, Арон и Сем сѐ уште се еден од најинтересните парови на светската сцена. Коментарите за разликата во годините не ги мачат, двајцата нагласуваат дека нивната врска е составена од меѓусебно почитување, разбирање и силна поврзаност.

Според Сем, Арон отсекогаш бил „стара душа“ и нивната врска е изградена врз длабоко разбирање, а не врз броеви.

Сем и Арон професионално соработувале во неколку наврати, вклучително и на филмот „A Million Little Pieces’“ (2019), кој го режираше Сем, а Арон ја играше главната улога и беше ко-сценарист. Нивната креативна синергија честопати е пофалена како искрена и моќна.

Поврзани содржини