ТАА ГО НАПАДНАЛА СО СТАКЛО, А ТОЈ ЈА УДРИЛ Сопружници меѓусебно се пријавиле за семејно насилство

Маж и жена од Македонски Брод се пријавија еден против друг во полиција. Tој вели дека таа го нападнала со стакло, таа вели дека тој ја претепал.

245

Семејна расправија со елементи на насилство била пријавена вчера во ОВР Македонски Брод во попладневните часови, каде двајца сопружници – маж на 57 и жена на 40 години – взаемно се обвиниле за напад во нивниот дом.

Првиот што се јавил во полиција бил 57-годишниот маж, кој пријавил дека неговата сопруга се обидела да го нападне со стаклени и остри предмети. Според неговата изјава, инцидентот се случил во семејниот дом и животот му бил доведен во опасност.






Но, само кратко потоа, и 40-годишната жена се јавила во истата полициска станица, пријавувајќи дека била физички нападната од својот сопруг, исто така во домот каде што заедно живеат.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а полицијата работи на прибирање на изјави, докази и евентуални сведоштва кои ќе го расветлат вистинскиот тек на настаните.

Поврзани содржини