ТАА Е ЖЕНСКИОТ ХУЛК Има бицепс поголем од оној на Шварценегер, а мажите ги носи преку рамо како пердув

Арнолд Шварценегер имал обем на бицепс од 56 см во деновите на неговата најголема слава во бодибилдингот, а Холанѓанката Џеки Корн (36) има 64 см. Нејзиниот тренер вели дека таа веројатно е жена со најголеми раце во светот.

194

Џеки Корн (36) е вирална бодибилдерка од Холандија која го посветила својот живот на фитнесот.

Тренира два до три пати на ден за да изгради што е можно повеќе мускулна маса. За споредба, Арнолд Шварценегер имал обем на бицепс од 56 см во деновите на неговата најголема слава во бодибилдингот, а Џеки има 64 см. Нејзиниот тренер вели дека Џеки е жената со најголеми раце во Холандија, а веројатно и во светот.






Џеки се занимава со бодибилдинг во последните пет години и троши 500 евра месечно за исхрана и додатоци во исхраната. Јаде осум јајца дневно, а нејзината исхрана се базира на пилешко и спанаќ.

– Тоа е прилично тажно, но здраво мени – вели Џеки.

Бодибилдерката тежи 159 килограми и често позира за своите социјални медиуми со мажи што ги носи преку рамената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jackie (@jackie.shehulk)


Нејзините видеа од тренинзите на YouTube станаа вирални. Многумина ја поддржуваат: „Секој ден е во теретана и е посветена на она што го прави. Честитки“, „Горд сум на неа, таа е вистински спортист“, „Неверојатна е!“, се некои од коментарите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jackie (@jackie.shehulk)

Сепак, не недостасуваат и негативни реакции. Некои изразуваат загриженост за нејзиното здравје, додека други го доведуваат во прашање нејзиниот физички изглед: „Тоа не е здраво“, „Колкав ти е холестеролот?“ или „Тоа се раце покриени со маснотии“, пишуваат тие.

Поврзани содржини