📷 ТАА Е ЗГОДНА ЦРНОКОСА, ЈА НАРЕЧЕ „ЉУБОВ МОЈА“ Џејсон Момоа има нова девојка

Згодниот актер Џејсон Момоа во описот на фотографиите ја нарече убавата актерка Адрија Архона „љубов моја“, велејќи дека со неа споделил уште една возбудлива авантура и дека Јапонија е остварување на неговите соништа.

449

Актерот Џејсон Момоа, познат по улогата на јунакот „Аквамен“, потврди дека е во врска со актерката Адрија Архона, споделувајќи романтични фотографии, од Јапонија,  со својата избраничка на Инстаграм, објави Еј-Би-Си њус.

Двојката ужива во патувањето низ Јапонија, а на социјалните мрежи сподели некои детали од оваа авантура.






На една од фотографиите, Момоа ја прегрнува насмеаната Адрија додека вечераат со пријателите, а на друга, двојката е насмеана и опуштена покрај морето.

Згодниот 44-годишник во описот на фотографиите ја нарече убавата црнокоса „љубов моја“, велејќи дека со неа споделил уште една возбудлива авантура и дека Јапонија е остварување на неговите соништа.

Актерот зад себе има брак со актерката Лиза Бонет, со која има две деца, но парот ја прекина врската во 2022 година и официјално се разведе оваа година.

Потоа, тој немаше јавна девојка, иако е познато дека извесно време се гледаше со колешката Еиза Гонзалес, која патем неверојатно наликува на Адрија.

Поврзани содржини