ТАА Е НАЈГОЛЕМ АМБАСАДОР НА МАКЕДОНИЈА ВО АНГЛИЈА Нејзината книга „Дома“ е вистинска ода на македонската кујна, полна со радосни приказни и вкусна храна
Што доаѓа во кутија за пица, а не е пица? Одговорот на ова прашање во Англија гласи вака: Тоа се моќните македонски пити со богат фил на Спасиа Динковски. Од наша гора, лист, што би рекле Србите. Сега излезе и нејзината книга со едноставно име: „Дома“, вистинска ода на македонската кујна
Денес (4 април 2024) излезе од печат книгата „Дома“ на нашата Спасиа Динковски, девојката која во последните четири години доживеа речиси филмски успех и стана славна речиси како членовите на кралското семејство во Англија. А Спасиа е всушност, од наша гора лист, што би рекле Србите.
Нејзините родители се Македонци, а таа е родена во Англија, но е поголема Македонка дури и од оние што си заминале оттука пред само неколку години, а покрај неа, научија за Македонија многу дури и оние кои не знаеја ништо.
Користејќи го знаењето кое се пренесувало од колено на колено низ нејзиното семејство, Спасиа направи беспрекорна формула и почна да ги продава своите огромни пити бурек преку Инстаграм, пакувајќи ги во кутии за пица и продавајќи ги низ градот. И сето тоа, во време на пандемијата со вирусот корона.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.